По две години Куманово ќе се украсува новогодишно. За оваа намена ќе се одвојат 3 милиони денари. Но овој пат градот ќе се украсува со сопствени новогодишни украси, кои согласно плановите ќе можат да се користат и наредните години.
За оваа цел советниците на последната седница изгласаа измена на програмата за работа на јавното претпријатие „Куманово Паркинг“, каде меѓудругото беше донесена одлука за зголемување на предвидената сума за 500.000 денари. Точката предизвика дебата бидејќи дел од советниците прашаа дали е време во енергетска криза да се размислува за новогодишно украсување.