ВИДЕО: Премиера на претставата „12 гневни“

Љубителите на театарската уметност утревечер ќе имаат можност да ја проследат премиерната изведба на претставата на Театар Куманово „12 гневни“ во режија на Ирена Стеријовска.

„12 гневни“ е приказна за дванаесетмина поротници кои по завршувањето на еден судски процес треба да донесат одлука за евентуалната вина или невиност на едно младо момче од малцинска етничка група, за убиство од прв степен.

Претставата ќе биде прикажана во НУЦК „Трајко Прокопиев“, со почеток во 20 часот.

Коментари

коментар(и)