Љубителите на театарската уметност синоќа во Центарот за култура имаа можност да ја проследат претставата „Лето во кое те нема“ на Театар Куманово.
Претставата е работена според истоимениот роман на Петар Андоновски, а во режија на Драгана Гунин.
Станува збор за дело кое е приказна за соништата, кошмарите, патувањето назад во минатото, внатрешните борби со кои се соочуваат ликовите, преиспитување на животот и за истрајноста во барањето вистина.
Во претставата играат актерите Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски. Драматизацијата е на Ева Камчева, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографија Ивана Цветковска, музика Гала Насева и дизајн на постер Симона Гаштарова.
Првата реприза ќе биде изведена вечерва.