(ВИДЕО) Промовирана стихозбирката „Во заборав“ на Силвија Краљевска

„Во заборав“ е насловена стихозбирката на Силвија Краљевска, која беше промовирана синоќа во Занаетчискиот дом. Промотори на делото беа Љиљана Тричковиќ и Христина Алексовска. Стихови од стихозбирката пред присутните читаа членки на Организацијата на жени Нада Михајлова и Поетски клуб Обденица.

Авторката истакна дека во секоја песна, им дел од нејзиниот живот.

Силвија Краљевска е родена 1992 година во Куманово. По професија е доктор по општа медицина. Средно завршила во гимназијата Гоце Делчев. Високо образование стекнала на медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. Со пишување поезија започнува уште во основно образование, а истото продолжува и за време на средношколските денови и студирањето. За што има добиено и повеќе награди на литературни конкурси. Досега има издадено една збирка поезија насловена Стихови од срцето. Член е на Организацијата на жени Нада Михајлова и Поетски клуб Обденица од Куманово.

 

Коментари

коментар(и)