Објектот на училиштето „Сами Фрашери“ во кое се планира да посетуваат настава ученици од гимназијата и од техничкото училиште „Наце Буѓони“ ќе се гради во рамките на поранешната касарна во населба Бедиње. Основниот проект за училиштето во изработка на јавното претпријатие Куманово план денеска беше презентиран пред претставници на општината, директорите на училиштата, советниците. Дали училиштето ќе се изгради зависи од тоа дали министерството за образование и наука ќе даде зелено светло на проектната документација со која допрва ќе се аплицира.