(ВИДЕО) Пуштено игралиштето во Соколана

Спортисти и рекреативци можат да го користат реконструираното игралиште од спортскиот комплекс Соколана Куманово кое свечено беше пуштено во употреба. Ова е прва фаза од целосната реконструкција и вклучува акрилна подлога, проширени трибини и дополнителна инфраструктурна опрема, осветлување и заштитна ограда. Средствата за реконструкцијата се обезбедени преку Владата и Агенцијата за млади и спорт.

Коментари

коментар(и)