Над четири илјади граѓани на Куманово примаат инсулинска терапија, од кои 143 се деца со тип 1 дијабетес, истакна денеска д-р Марија Бајдевска Спирковска, одговорна за Центарот за дијабет во болницата, по повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември.
Според надлежните, загрижува фактот што бројот на заболените од година в година расте, како на локално, така и на државно ниво.
Инаку, Светскиот ден на дијабетес (WDD) од 1991 година се одбележува ширум светот на предлог на Меѓународната федрација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (WHO), а како одговор на зголемената загриженост и ескалацијата врз здравствената закана што ја носи дијабетесот.
