(ВИДЕО) Регионални спортски натпревари на пензионери во Куманово

Куманово денеска беше домаќин на 25-то издание на Регионалните спортски натпревари за пензионери, на кои учествуваа членови на здруженијата на пензионери од шестиот регион во земјава, Крива Паланка, Злетово, Кратово, Пробиштип и Куманово. Традиционалните спортски игри се во органзиација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а се одржаа на атлетската патека и на игралиштетото во средното техничко училиште „Наце Буѓони“.

Претседателот на здружението на пензионери од Куманово, Благе Јакимовски пред присутните ја истакна одличната соработка со општина Куманово, имајќи ги предвид реализираните проекти во интерес на пензионерите. Јакимовски му посака и успех на градоначалникот Максим Димитриевски на претстојните локални избори.

„Здружението на пензионери е едно од најбројните и најактивните во градот. Општина Куманово летово првпат воведе бесплатен јавен превоз за највозрасната категорија граѓани со ниски примања, а во иднина ќе се работи и на проширување на капацитетите на домот за оваа група граѓани“, рече во своето обраќање градоначалникот Димитриевски, прогласувајќи ги за отворени регионалните спортски натпревари на пензионерите.

-Се чувствувам убаво кога го гледам тој ентузијазам на оваа генерација на луѓе. Им посакувам успех на сите спортисти, а секако општина Куманово и јас како градоначалник ќе продолжиме да соработуваме со овие здруженија коишто се едни од најорганизираните здруженија во нашата општина. Горди сме на нашите родители, дедовци и баби, коишто и на тие години во една поодмината возраст даваат една ваква активност, а гледам и дека тие луѓе се во една одлична физичка кондиција без разлика што се пензионери и можат да покажат врвни спортски резултати, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Победниците во сите категории на денешните натпревари ќе учествуваат на Републичката пензионерски спортски игри  на 29-ти септември во Велес.

Коментари

коментар(и)