(ВИДЕО) Родителите попуштија, учениците се враќаат во училиште

Родителите на учениците од двете паралелки од основното училиште „Крсте Мисирков“ кои изминативе денови протестираа, незадоволни од честите промени на учителки, одлучија децата од понеделник да ги пуштат на училиште. Велат дека се одлучиле за ваков чекор бидејќи од сите институции го добиле истиот одговор, дека конкурсот бил спроведен законски. Учениците од двете паралелки пет дена не посетуваа настава.

-Ние како родители направивме се, се обративме до сите институции сите ни дадоа ист одговор, дека се е според законот, а никој не сакаше да одговори за последиците коишто ги имаат нашите деца. Останавме сами не добивме поддршка ниту од граѓаните, ниту од институциите, но апелираме во иднина да не се дозволува вакво нешто, да се води грижа за здравјето на децата за нивните приоритети, да бидат среќни, а потоа самото ќе си дојде на образбата. Ги исцрпевме сите можности, немаме повеќе каде да се обратиме. Одлучивме децата во понеделник да си одат на училиште редовно како што треба, сите последици свесни сме да не повикаат и на разговор и на советување, но пак ќе кажеме дека ние не ги оставивме нашите деца дома бидејќи не знаеме колку е важно образованието за нивниот живот, туку во знак на револт да се слушне што се прави со деца од 10-11 години, во чувствителна возраст во нивниот развој, која да им биде сигурноста, ако училштето прави вакви постојани притисоци и стресови секое полугодие-истакна Верица Тодоровска, претставник на родители на 5 А одделение.

Коментари

коментар(и)