(ВИДЕО) Се уште се трага по исчезнатата жена во Челопек

Се уште е непознато дали пожарот ја зеде првата жртва. Во Челопек во општина Старо Нагоричане веќе неколку часа се трага по 60-годишната Стојанка, која според нејзиниот сопруг не успеала да помогне од домот. Во тек е увидот на Министерството за внатрешни работи.

Во североистокот активни се уште неколку пожари, во Јачинце, Четирце, Бељаковце, во Жељубино во Старо Нагоричане, но и во Сопот и Лојане во Липково.