„Во текот на 2022 година биле пријавени 1.065 кривични дела што се гонат по службена должност што е намалување од 11,4 отсто во споредба со годината претходно кога таа бројка изнесувала 1.202“, рече на денешната седница на Советот, командирот на ПС од Општа надлежност Куманово, Зорица Вукановиќ, презентирајќи го годишниот извештај за работата на полицијата. Според Вукановиќ, минимално зголемување од само 0,77 отсто се бележи во однос на случени сообраќајни незгоди. Што се однесува до безбедносната состојба на подрачјето на општина Куманово,според командирот, стабилна е и поволна, без индиции за нејзина промена и гарантира безбедност на сите граѓани.
-Намалување има и кај пријавени настани од областа на јавниот ред и мир од 7,7 отсто, односно лани имало 490 пријави по тој основ. Не се регистрирани нарушувања од поголем обем и прекршоци со национална мотивираност и нетрпеливост на поединци и групи. Согледувајќи ги овие параметри кои се клучни при оценување на безбедносната состојба, можеме да цениме дека безбедносната состојба на подрачје на општина Куманово е стабилна и поволна, без индиции за нејзина промена и гарантира безбедност на сите граѓани, рече Зорица Вукановиќ, командир на ПС ОН Куманово
Според извештајот за минатата година, во категоријата нарушување на јавен ред и мир, доминираат физичките напади со 153 пријави.
Советниците и градоначалникот Максим Димитриевски упатија повеќе забелешки за информацијата и побараа повеќе детали при изготвување на следната.
– Во однос на информацијата, моам да кажамд ека е незаконска, нецелосна, необјективна и манипулативна и како таква не може да послужи за информирање на Советот. Очигледно е дека начинот и концептот на изготвената информација во еден дел е сменет што не е лошо, но да утврдите еден цел дел кој е значаен и се однесува на криминалитет, класичен криминал, економски криминал, по мене е малку чудно, не знам дали е од причина што бројките и показателите се поразителни па ова е начин да се избегне нивното презентирање и дебата по нив, друга причина не гледам, особено од причина што овој дел криминалитетот бил составен дел на сите претходно доставени информации од ПС ОН Куманово до Советот, рече Елена Доцевска -Божиновска, советник
– Ако направиме анализа и сондажа на собораќајната полиција континуирано се организираат контроли на булеварот Октомврсика револуција и тоа е за поздравување, но многу ретки има во делот на 11 октомври, околу болницата, дел на улицата… Зошто е таа селективност? Втора работа на која сакам да ви укажам во делот на работата на ПС и СВР Куманово и МВР во глоблала е самовластието што како институција го презентирате и манифестирате, според законот сите сме еднакви, сите се должни да се држат до законски овалстувања. Пред два дена имавте настан на плоштад, присуство на министер, ПС даде обезбедување на истиот настан и тој е за поздравување, но како и останатите имате обврска да побарате мислење и согласност од општината за одржување на било каков настан. Една фирма замислете или локална и државна инстутиција кога става едно пано на градски плоштад поднесува барање и за два часа добива одговор, но вие сте СВР, МВР и за вас законот не важи. Друг вид на самовласие, поставивте рампа пред зградата на СВР и полициската станица од ОН електронска, истата ви е поставена без техничка документација, дозвола издадена од локалната самоуправа иако имате законска обврска за тоа. Немате поднесено барање. Замислете, имате полициски службеник против кого во ОЈО за организиран криминал се води постпака против истиот, а вие го избирате за полицаец на годината и го носите кај мене во канцеларија да му врачам награда, вакво лицемерие немам видено никаде, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово
Со 14 гласа „за“ и 16 гласа „против“, советниците не ја усвоија Информацијата за преземени мерки и активности во текот на 2022 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово.