ВИДЕО: Советот ја утврди висината на стапките на даноците

Кумановските советници на последната седница на Советот на Општина Куманово ја изгласаа предлог-одлуката за утврдување на висината на стапките на данок на имот, наследство и подарок и данок на промет на недвижности. Данокот на имот од законски дозволеното од 0 до 0,2 проценти, е утврден на 0,1 процент, данокот на наследство и подарок, законски е втор наследен ред од 2 до 3 проценти, утврден на 3 проценти , 3 наследен ред од 4 до 5 проценти законски утврдено е 5 проценти. Првиот наследен ред е ослободен од плаќање. И кај данок на промет на недвижности законски е од 2 од 4 проценти, во нашата општина е утврдено 4 проценти. Советникот Фериз Дервиши од ДУИ излезе со предлог Секторот за даноци да ја намали вистината на овие стапки, но раководителот Ненад Стојановски одби да поднесе такво барање, нагласувајќи дека светска тенденција е даноците да се зголемуваат. Тој објасни дека оваа стапка важи од 2005 година.

-Постои светска тенденција на зголемување на даноци, таа стапка од 4 проценти важи од 2005 година, ако требало да се смени зошто не се сменила досега 16 години. Тоа се приходи кои ги генерира општината мерено е дека таа стапка носи адекватни приходи кои одговараат на економската моќ. Она што е најбитно општината има утврдено зони каде ќе тече оваа состојба. Ние како општина почнуваме од 10 зона. Паралелно ги имаме дефинирано и сите места во дел на земјиште и тоа е донесено кога почнуваат овластени проценители да прават проценки, претходно било со комисии. За илустрација можеме да се повикаме Прилеп кој почнува од седма зона. Секоја зона поназад влече повисоки цени-истакна раководителот на Секторот за даноци.

Стојановски нагласи дека општина Куманово има направено анализа на дел на договорите кои поминуваат и колку се реалните цени во градот и согласно неа, зоната би требало да се помести наназад.

Коментари

коментар(и)