(ВИДЕО) Спасовски: Отворањето на центарот во Битола нема да ги подобри односите

Отворањето на Културниот центарот во Битола и тоа со име на еден учесник или соработник на Хитлер, на фашистичкиот окупатор, за мене е неприфатливо, тоа претставува провокација и нема никако да придонесе кон подобрувањето на односите, ниту ќе ја подобри климата во Бугарија, ниту ќе ја подобри климата кај нас, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки.

– Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет. Разговор на принципиелни основи и се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение на прашањето, изјави Спасовски.

 

Коментари

коментар(и)