(ВИДЕО) Угостителите со неколку барања до општината

Да се одложи наплатата на решенијата за користење летни бавчи за минатата година, односно да не биде условена со годишеното решение, но и да се реши проблемот со неколку критични пријави, денеска побараа од општината членовите на Здружението на угостителите Бисер од Куманово. Угостителите изразија задоволство од досегашната соработка со локалната самоуправа. Посочија дека не бараат ослободување, туку одлагање на плаќањето, можност за плаќање на рати, бидејќи велат некои од нив се значајно погодени од кризата предизвикана од пандемијата.

-Во овој период на пандемијата бевме еден од најпогодените сектори затоа и доставивме некои барања до општината наидовме на разбирање ќе се достават писмено, ќе ги разлгедаат службите и се надевам дека позитивно ќе одговорат. Шестиот пакет знам дека е усвоен, минатиот вторник на Влада и треба да се почне со исплата но кога не знам, ги прашавме пратениците и тие немаат информација кога ќе биде, ќе се обратиме до Министерството за финансии, сите надлежни и преку Сојузот на стопански комори, мислам дека треба што поскоро да биде, одобрени се средства-истакна Тони Димитриевски, претседател на Здружение на угостители Бисер Куманово.

Градоначалникот на Куманово, предложи здружението да ги достави барањата до општината, па тие ќе утврдат, доколку дозволуваат законските можности, ќе им се излезе во пресрет за одложено плаќање. Дополни и дека на следната седница на Советот ќе се предложи и годинава угостителите да бидат ослободени од плаќање такса за користење јавно прометни површини.

-Сметам дека може да се најде решение во интерес на сите, она што е најважно  е дека општина Куманово има сенс за своите угостители тие се составен дел на оваа општина, поминавме низ еден тежок период, се надевам дека таа корона пандемија нема да има повторно вакви пикови за да ги ограничи во делот на нивното работење, а ние ќе донесеме на следната седница да се донесе нова одлука со која ќе се продолжи одлуката за ослободување на плаќање на надоместок такса за користење на јавни променти површини и дополнително ќе гледаме да ги уредивме сите облигации што ги имаме од претходно, во делот на наоѓање начин како да се плаќаат останатите обврски на рати-истакна Димитриевски.

Меѓутоа Димитриевски апелираше дел од угостителите да не злоупотребуваат и узурпираат јавни површини со поставување столови, маси и друга урбана опрема и навреме да ги надмируваат своите давачки. Потсети дека општината ја намали таксата за фирмарина од 6000 на 4000 денари, како и ослободување за таксата за користење земјиште.

Членовите на здружението Бисер нагласија дека нелојалната конкуренција и сивата економија се заеднички непријател за сите. Угостителите предложија и дека сакаат да потпишат меморандум за соработка со општина Куманово.

На средбата со угостителите присуствуваа и пратениците од Куманово, советниците, претседателката на Советот, претставниците од Секторот за комунални работи, инспекциите, Државниот пазарен испекторат и Секторот за внатрешни работи.

 

 

Коментари

коментар(и)