ВИДЕО: Утре ќе се отвори саемот „Денови на мед 2021“

Наредните три дена на плоштадот пред Центарот за култура, кумановци ќе можат да дегустираат мед и други пчелни производи и истите да ги купат по пониски цени од вообичаените. На саемската манифестација „Денови на мед“ која се одржува по 21-ви пат, ќе може да се најдат пчелни производи на петнаесетина домашни производители. Настанот како што инфомираат од здружението Пчела, ќе се одржи и покрај најавените лоши временски услови.

-Најавата беше за 30 излагачи, се подготвивме за толку, меѓутоа половина од нив се откажаа, кој поради немање доволно продукти, кој поради временските услови, така што ќе бидеме со намален број но храбро остануваме и ќе излеземе и ќе ги запознаеме граѓаните со нашите продукти и макотрпен труд во овие елементарни непогоди, температурите беа премногу високи над 40 степени и во такви услови ние не можевме да дишеме па и пчелите се однесуваат така. Сите овие години наназад имаме се помалку мед што е тренд во светски рамки, не само кај нас-нагласи Горан Митевски, претседател Здружение „Пчела“ Куманово.

Свеченото отворање е предвидено во 10 часот. Манифестацијата „Денови на мед“ се организира со поддршка на Општина Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)