По повод Меѓународниот ден на храната, како и во пресрет на утрешниот патронен празник, државното средно училиште, Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ организираше настан од која порача дека здравата храна, носи подобро здравје.
Настанот годинава се одржа во просториите на Центарот за култура, бидејќи училиштето целосно се реновира. Во подготовка на производите учествувале најголем број наставници, родителите, ученици, но и пекарниците од градот.
Од училиштето нагласуваат дека годинава е поголем интересот кај учениците за прехранбената струка.
Освен свои настани училиштето „Киро Бурназ“ дава поддршка и на останатите манифестации во градот. Учениците неодамна со свој штанд и пчелни производи, беа дел и од саемот „Денови на мед“.