ВИДЕО: Училиштето „Толи Зордумис“ – домаќин на Еразмус проект

Основното училиште „Толи Зордумис“ е домаќин на претставници на училишта и невладина организација од Турција, Романија и Австрија во рамките на Еразмус проектот „ Да обезбедиме интеграција на ученици со различни посебни потреби во мешани училници“. Целта е децата преку заеднички активности да ги покажат своите способности.

-Горди домаќини сме денес на гости од Турција, од една невладина организација, од едно училиште, гости од Романија  и исто така во проектот е вклучена и Австрија. Ние сме денеска партнер -домаќин и не само денеска туку и во следните неколку денови ќе се обидеме да ја прикажеме нашата традиција. Денеска имавме презентација за танц и ора и за нашите носии, ќе погледнеме танци и ќе ги вклучиме учениците. Утре имаме убава работилница за рачно ткаење во музејот, ќе ги водиме во Скопје, во Кокино, а ќе има и една креативна работилница, ќе бојат камења итн. Всушност поентата е да бидат заедно сите деца вклучени, да си ги покажат своите способности и таленти преку заедничка работа, изјави Милена Петковска, локален координатор на проектот од ООУ „Толи Зордумис“

Ова е втора мобилност од проектот кој започна да се имеплентира во септември минатата година, а веќе првата средба била организирана во октомври во Турција, главниот координатор на проектот за интеграција на децата со посебни образовни потреби во мешани училници.

– Сакаме да видиме како учениците соработуваат, какви работилници прават, како се вклучени, дали се прифатени, дали можат да се изразат преку творење, преку танцување, преку уметност, значи терапијата преку уметност да ја видиме како ќе делува. Благодарни сме на Еразмус проектите што имаме можност да дојдеме тука и во разните држави да видиме како работат децата и како соработуваат, изјави Meral Deniz, главен координатор на проектот од Турција

-Ние сме училиште од Романија кое што овде е дојдено со очекувања да се види друг систем, образовен систем во друга држава, да се споделат искуства и да се научат нови вештини за работа со деца со посебни потреби, кои што подоцна би можеле да ги имплементираме, да видиме каков е импактот, односно какво е влијанието на ваквите научени вештини и како тоа ќе влијае на децата кај нас во нашите едукативни системи, изјави Ionita Alina, претставник на Романија.

Следната мобилност е планирано да биде реализирана во септември годинава во Романија, кон крајот на годинава во Австрија и последната активност како финален производ ќе биде реализирана во Турција, следната година. Покрај  Еразмус проектот, паралелно  ќе оди и е- твининг, односно здружување на учениците од овие различни земји, потенцира Петковска.

 

Коментари

коментар(и)