Кумановец физички нападнат од сограѓанин

Триесет и едногодишен кумановец бил физички нападнат од сограѓанин по претходна вербална расправија.

Во Секторот за внатрешни работи Куманово Ф.Г.(31 година) од Куманово пријавил дека во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Ф.(33 години) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)