Фестивалот „Денови на комедија“ заслужува посериозна финансиска поддршка, бидејќи е бренд на Куманово. Би било добро да се збогати програмата, да има и тематски трибини како оваа годинава, истакна актерот Јордан Витанов од велешкиот театар, кој со својата екипа ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“.
-Ние во нашиот град имаме два фестивали театарски, често се соочуваат со недостаток на финансиски средства, не значи дека организиаторите немаат креативни идеи за да ги направат поквалитетни, многу зависи од тоа со колкави средства располагаат. Јас можам да упатам апел до централната, локалната власт, компаниите да вложуваат во културата, овој фестивал е 25 години, поаѓаат екипите од регионот на цела поранешна Југославија-нагласи тој.
Комедијата „Слуга на двајца господари“ е по текстот на Карло Голдони, а во режија на Ненад Витанов. Покрај Јордан Витанов, играат Благојче Стојанов, Жарко Спасовски, Симона Димковска, Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица Панчиќ, Кристијан Саздовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Весна Димитровска Бобевски, Кица Ивковска.
-Нашата претстава немаше среќа да се игра овие две години знаеме сите, сега откако се врати на сцената во нашиот театар е многу посета, публиката убаво ја прима. За наша среќа убаво се забавуваше и кумановската публика. Јас имам играно со 20 различни претстави на фестивалот „Денови на комедија“ и секогаш сме се чувствувале пресреќно, со различни претстави и со различен квалитет. Се надевам дека публиката знае велешкиот театар со какви претстави доаѓал и секогаш сме добредојдени и бурно поздравени со аплаузи-дополни тој
Со велешкиот театар пред кумановци настапи и актерката Симона Димковска, која по потекло е од Куманово.