Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ продолжува со обновување и поставување на нови садници низ централното градско подрачје. Од претпријатието апелираат до граѓаните да не ги уништуваат новите садници.
Појаснуваат дека лани биле засадени 8.000 садници, а целта е оваа година да се надмине таа бројка. Пошумувањето е една од мерките за долгорочно справување со аерозагадувањето.