ВИДЕО: Ќе се реконструира училиштето во Пчиња

Општина Куманово ќе го реконструира подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња, соопштија надлежните од општината. Училишниот објект е во незавидна состојба и ќе се реконструира и внатрешноста и фасадата на училиштето. Општината го објави тендерот кој предвидува замена на врата, прозорци, осветлување, фасада, внатрешно уредување, тоалет за ученици со попреченост. Во селото Пчиња учат 62 ученика. Покрај ученици од Пчиња, настава следат и ученици од соседните села Студена бара и Вакв. Лани, заврши изградбата на мултиспортското игралиште во ова село кое беше дел од изградбата на мултифункционални игралиште во неколку рурални средини во кумановско.

Во селото Пчиња се планира и големо пошумување заедно со месното население.