Викендов во Куманово санкционирани 121 возачи

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 121 возачи, од  кои 97 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 14 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (при алкотестирање кај еден возач биле измерени 3,02 промили алкохол), 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, информираат од полицијата.

 

Коментари

коментар(и)