Викендов изречени 140 казни за брзо возење на подрачјето на Куманово

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 174 возачи, од  кои 140 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило и 3 возачи на мотоцикли. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)