Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 142 санкции, 90 за брзо возење

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 142 возачи, од  кои 90 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 за управување возило без возачка дозвола, 8 за престигнување и 3 за нерегистрирано возило. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од полицијата.

Коментари

коментар(и)