„Водовод“ и „Чистота и Зеленило“ меѓу претпријатијата со најголеми долгови, анализа на Порталб

Јавните претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“, но и Општа болница Куманово, се најдоа меѓу претпријатијата со долгови, според анализата која што ја направи Порталб.

Општинските јавни претпријатија на ниво на земјава пријавиле доспеани, а неплатени обврски во износ од 58,4 милион евра. Највисоки неплатени обврски имаат  АД Македонски енергетски ресурси со пријавени 82,6 милиони евра, АД МЖ Транспорт со долг од 64,9 милиони евра, ЈП Колекторски систем Скопје со 8,6 милиони  вра, ЈП Водовод Куманово со  8,1 милиони евра, а ЈП Чистота и зеленило Куманово со пријавени 4,2 милиони евра.

На должничката листа се голем број на општи болници речиси од сите градови. Највисок долг од речиси 6,4 милиони евра пријавила Клиниката за радиотерапија и онкологија , долг од 4,3 милиони евра имала ГОБ 8 Септември, следуваат Институт за трансфузиона медицина, Клиниката за трауматологија, ургентен центар-Скопје,  Општата болница-Кичево, како и  Општа болница-Куманово која должи 3,3 милиони евра.

Коментари

коментар(и)