Возачите на тротинети да ги почитуваат правила

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите на електрични тротинети да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, заради нивната и безбедноста на другите учесници во  сообраќајот.

Поради се почестото присуство на електрични тротинети на улиците советот информира  дека ова превозно средство може да го управуваат лица над 14 години и дека е забрането движење на коловоз. Возачот на електричен тротинет е должен да го управува по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.

По велосипедска патека односно лента не смее да се движи со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека не побрзо од шест километри на час. Возачот на електричен тротинет е должен да носи рефлектирачки елек, а на  тротинетот задолжително треба да има светло во бела боја на предната и светло со црвена боја на задната страна.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)