Возило горело на патот Крива Паланка-Куманово

Во село Старо Нагоричане кај месноста викана „Смилчинска кривина” на магистрален пат Крива Паланка – Куманово вчера  настанал пожар во  патничко возило кое било во движење.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица -Куманово, а повредени лица нема, информира полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)