Во вторник крводарителска акција за средношколци

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во вторник ќе се одржи крводарителска акција за средношколци. Акцијата ја организира општинската организација на Црвен крст Куманово. Крводарувањето ќе трае од 13 до 18 часот.

-Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи неопходното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот – се вели во соопштението.