Во домот за стари лица „Зафир Сајто“ ќе бидат вработени три лица на определено време, одлучи денеска мнозинството во Советот на општина Куманово.
„Медицинска сестра, негувател на стари и изнемоштени лица и сервирка на храна ќе бидат ангажирани по пат на отстапување од Агенцијата за привремени вработувања во период од една година. Овие три вработувања се неопходни заради пополнување на работните места во време на одмори и боледувања на вработените во текот на годината. Во октомври една медицинска сестра ќе се пензионира, а работниот процес мора нормално да тече“ – истакна Весна Коцевска од домот за стари лица „Зафир Сајто“.
