Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Министерството за здравство ги објави извештаите по градови, така што за Куманово се констатираше бројката од 124 пациенти кои се позитивни на корона вирусот или биле суспектни.
Со најновиот извештај се потврдува бројката од 1.392 лица кои се на лекарски третман низ болниците во државава, додека околу 300 болнички кревети се празни во ковид центрите.