Во кумановската болница се лекуваат 173 лица од Ковид 19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1034 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

На инфективното одделение во Куманово има 173 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, но исто така во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)