Мигрант по потекло од Авганистан со телесни повреди бил пронајден во атарот на селото Лојане, липковско.
Според негово кажување, тој со повредите се здобил откако бил физички нападнат на територијата на Р.Србија.
Лицето е пренесено во Општа болница Куманово за укажување на понатамошна лекарска помош.