Во петок во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации Комитет, со почеток во 10 часот ќе се одржи деветнаесетта седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат советнички прашања. Советниците ќе го прашуваат градоначалникот Максим Димитриевски и општинската администрација.
Седницата може да се следи во живо на ТВ Плус!