Во понеделник дезинсекција против комарци

Општина Куманово во понеделник ќе спроведе уште една дезинсекција против комарци. Се извествуваат граѓаните дека во понеделник на полноќ на територијата на општината ќе се изврши втор третман на дезинсекција против возрасна форма на комарци. Неопходно е пчеларите да преземат конкретни чекори за заштита на пчелите, информираа од општината. Доколку временските услови не се поволни за вршење на третманот, тогаш дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Коментари

коментар(и)