Во Центарот за јавно здравје Куманово почнува да функционира лабораторија за ПСР-тестови

Во Центарот за јавно здравје Куманово почна да функционира молекуларната лабораторија, која ќе спроведува ПСР тестирања за ковид 19. Жителите на североисточниот регион, претходно беа принудени по неколку дена да ги чекаат резултатите. Сега тоа ќе се прави за само неколку часа. Цените за ПСР тестови во Центарот за јавно здравје Куманово ќе се движат од 1800 до 3000 денари.

 

-Досега имаше само пункт за земање брисеви ги носевме во Институтот за јавно здравје во Скопје, а од денеска сами ќе ги правиме тестовите-нагласи  Ариф Љатифи, директор Центар за јавно здравје Куманово.

-Имавме сериозни проблеми околу обезбедување на термини, носење брисеви, сега полесно ќе биде, тука ќе се проверуваат во истиот ден ќе се земаат резултати. Ќе гледаме брисеви по Мој термин, епидемиолошки, и за патувања во странство и за клиничко лекување-наведе Дане Милошевски, специјалист по микробиологија.

Инвестицијата е на Центарот за јавно здравје, со поддршка на Фондот за здравствено и пензиско осигурување. Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани над 8.800 случаи позитивни на коронавирусот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)