Општина Куманово известува дека утре ( 05.08.2026 година) со почеток во 05:00 часот ќе се изврши второ авионско прскање против возрасна форма на комарци.
Третманот ќе се изврши на површина од 1270 хектари, а ќе бидат опфатени следниве локации: течение на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителна станица JП„Водовод“ – с.Добрoшане.
При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30.
Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови се неповолни за вршење на третманот, истиот ќе се спроведе првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Општина Куманово.