Гимназијалци денеска даруваа крв

Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ денеска даруваа крв, во рамки на редовната акција што ја организираше општинската организација на Црвениот крст, со поддршка на Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата се одржа во просториите на Центарот за култура, а можност да даруваа имаа ученици над 18 години.

-Ова ми е прв пат да дарувам крв и чест ми е што ќе го направам ова, за да помогнам на некое лице кое има потреба. Два пати годишно планирам да продолжам да дарувам-истакна Марио Стефановски, средношколец од гимназија.

-Прв пат дарувам, апелирам да го следат мојот пример, да помогнеме на сите кои имаат потреба-порача ученичката Гордана Стојмановска.

-Прв пат дарувам крв, ме натера тоа што можам да помогнам на некој што има потреба,  да спасам нечиј живот-истакна Урош Миљановиќ, средношколец од гимназија Гоце Делчев.

Крводарителската акција започна во 13, а траеше до 18 часот. Општинската организација на Црвениот крст и неодамна организираше акција за средношколци, при што беа соберени околу 60 крвни единици. Мотото е Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот.