Голем број на казнети за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.04/15.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 118 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 82, во Крива Паланка 23 и во Кратово 13.

За нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се евидентирани непочитувања на забраната за движење.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)