Градоначалникот реагира на отворањето на бугарски клуб

Фондацијата „Македонија“ најави формирање на бугарски културен центар и во Куманово, пренесува Фокус.

– Ние сме едно. Иднината ни е заедничка. Куманово наскоро ќе има бугарски културен центар, Ненад Петровски – објави фондацијата на чие чело е извесен Виктор Стојанов, кој периодов е актуелен со разни провокации на социјалните мрежи.

Бугарските културни центри кои носат имиња на контроверзни личност од минатото се места каде постојано се случуваат инциденти во земјата, но и ги влошува односите меѓу двата народи.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вели дека не е запознаен со ваква идеја, но информираше дека ако станува збор за здружение кое доаѓа со лоши немери, тогаш не е добредојдено.

– Куманово е мултикултурен град. Сите здруженија кои работат во интерес на граѓаните и на градот и на државата се добредојдени. Доколку се работи за евентуални здруженија кои имаат за цел да генерираат нетрпение кај граѓаните, нетолеранција и првенствено да се занимаваат со негации на македонската нација, јазик, историја и етнос, ние како град сме затворени за таквите и нема да ги толерираме, вели градоначалникот Максим Димитриевски во изјава за Сител.

Коментари

коментар(и)