Две лица приведени, нелегално влегле во земјава

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово утринава во село Лојане, липковско ги лишиле од слобода М.А.А.(22 години) од Сирија и П.M.(22 години) од Сојузна Република Германија поради основи на сомнение дека на нелегален начин влегле на територијата на земјава. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)