Две седмици не работат семафорите на „Октомврска револуција“

Семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар не работат две седмици.

Кумановци неколкупати реагираа во телевизија Плус, нагласувајќи дека не се чувствуваат безбедно ниту како возачи, ниту како пешаци.

Бараат надлежните што поскоро семафорите да ги стават во функција, но и прашуваат зошто е потребен толкав временски период за решавање на овој проблем.

Поради нефункционирањето на семафорите минатата седмица се случија и неколку сообраќајни незгоди со помала материјална штета.

Коментари

коментар(и)