На иницијатива на граѓаните, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повторно ја чисти дивата депонија на влезот на населбата Перо Чичо, кај поранешен Туш. Во акцијата која започна во петокот досега се изнесени 30 тони смет, а се очекува до крајот на денов да се соберат уште толку тони отпад на истата локација. Надлежните од комуналното претпријатие апелираат за поголемо присуство на терен од инспекциските служби и полицијата за да се намалат ваквите појави.
Но, освен смет на дивите депонии се одлага и кабаст отпад, кој претставува дополнителен проблем при чистењето.
Директорот на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Ненад Стојановски најави дека наредните денови ќе биде организирана и бесплатна акција за одлагање кабаст отпад.
За локацииите граѓаните дополнително ќе бидат известени, вели Стојановски.
