Димитриевски:Ќе понудиме реално остварливи политики

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во гостување во емисија на национална телевизија информираше дека во тек е формирањето на граѓанското движење и верува дека на следните избори ќе ја добие поддршката од граѓаните.

„Во тек е формирањето на граѓанското движење, очекуваме во септември, октомври тоа да се случи во Скопје и ќе ги повикаме сите граѓани. Тоа ќе биде граѓанска иницијатива/движење коешто досега не било вообичаено, ќе биде од граѓаните за граѓаните и верувам дека на следните избори ќе ја добиеме поддршката од граѓаните бидејќи ќе излеземе со реално остварливи политики и ќе ставиме крај на корупцијата и рашомонијата во државата“, рече Димитриевски.

Димитриевски изјави дека граѓанската иницијатива се води по крушевските и асномските вредности и идеологија.

Коментари

коментар(и)