Димитриевски во октомври формира политичка партија

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски синоќа во гостување на национална телевизија најави официјално потпишување на иницијатива за формирање на нов политички субјект во Македонија на 9 октомври во Скопје.

„На 9 октомври во пресрет на големиот празник 11 Октомври, во хотел Холидеј Ин во Скопје со почеток од 20 часот ќе организираме настан за формирање и потпишување на иницијатива за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија. Присутните иницијатори од коишто всушност и ќе тргне самата иницијатива се сите досегашни претседатели на здруженијата кои што ги формиравме низ целата држава и очекувам голем број на луѓе истомисленици, независни интелектуалци”, изјави градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски ги повикува сите граѓани истомисленици за како што вели, оние коишто мислат дека може нешто позитивно да се случи во Македонија да се приклучат на неговата иницијатива.