(ВИДЕО) Димитриевски: Да се обединиме, Куманово да ни е на прво место

„Да се обединиме и да покажеме дека Куманово ни е поважно од париите и е на прво место, посочи градоначалникот Максим Димитриевски, повикувајќи ги советничките групи да застанат зад граѓанскиот концепт „За наше Куманово“, кој нагласи нема да биде во функција на политиката, туку единствено за граѓаните. Тој ги повика неговите противкандидати на состанок, на кој ќе разговараат за изборите кампањи, а ќе побара најзначајните проекти да се вметнат во една заедничка програма, која ќе се реализира во идниот мандат. Димитриевски посочи дека по координативниот состанок одржан на иницијатива на „Наше Куманово“ е заклучено да се предложи носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска, да биде кандидат за следен претседател на кумановскиот Совет.

-Да покажеме дека Куманово ни е поважно од партиите, да покажеме дека Куманово на сите ни е на прво место, дека кумановци секогаш покажувале дека сакаат да имаат општина која ќе биде растеретена од политички превирања и влијанија. Да покажеме дека кумановци можат заедно да работат за својот град и во втор план да ги стават партиските интереси. Секој од нас зборува за соработка, а ние всушност суштинска соработка немавме. Таа соработка може само да биде добра за граѓаните на нашиот град. Граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес. Концептот за Наше Куманово излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град-истакна Димитриевски.

Димитриевски порача дека ова не е време за поделби, политички натпревар и собирање евтини политички поени. Кумановци  рече мора да имаат квалитетни решенија. Дополни дека граѓанскиот концепт За наше Куманово добил значајна поддршката од граѓаните. Тоа рече е одговорност плус за спроведување на ветените политики.

Коментари

коментар(и)