Димитриевски: Изгаснати пожарите во кумановско

На подрачјето на Кумановско моментно нема активни пожари, објави на ФБ  градоначалникот Максим Димитриевски, денеска околу 14 часот. Пожарот во селото Бељаковце и Довезенце е изгаснат, но теренот дополнително ќе се пребарува. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Куманово, Деан Илиевски, на таа локација ќе остане дежурна екипа.

– Благодарност до сите тимови кои пет дена работеа на гасењето на пожарите во Куманово и регионот. Остануваме во приправност, подготвени да помогнеме на другите општини, напиша Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)