Димитриевски на средба со КУД „Панче Пешев”

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска се сретна со членовите на КУД „ПанчеПешев”-Куманово, кои го презентираа своето искуство од одржаниот втор Меѓународен фолклорен фестивал Куманово 2021. Димитриевски го изрази своето задоволство од успешно одржаните три фестивалски вечери, истакнувајќи дека општина Куманово ќе продолжи да ги подржува традиционалните културни настани.„Панче Пешев” е едно од најстарите фолклорни друштва на Балканот, кои го претставуваат богатото културно наследство преку фолклорот, традицијата и културата на македонскиот народ во државата и надвор од неа.Традиционално претседателот на Друштвото Мирослав Крстевски на Димитриевски му врачи пригодни подароци.

Коментари

коментар(и)