Димитриевски: Општинскиот гласник достапен на македонски и албански јазик, Куманово е мултиетничка општина која се грижи за сите

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека Куманово е мултиетничка општина која се грижи за сите граѓани подеднакво без разлика на нивната етничка, верска, партиска или каква било друга
различност.

„Нема поделба по ниту еден основ, Македонците, Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други етнички заедници живеат заеднички во мултиетничко Куманово. Нашиот град е Македонија во мало каде се почитува и вреднува различноста. Во следните четири години предвидени се повеќе од 800 проекти кои имаат за цел да го подобрат животот на секој еден кумановец“, рече Димитриевски.

По повод првите 100 дена од мандатот на Градоначалникот Димитриевски и Советот на Општина Куманово, излезе општинскиот гласник „100 дена заедно посветени на Куманово“ со отчет за реализација на проекти во првите 100
дена.

Гласникот е достапен на македонски и албански јазик, а истиот можете да го разгледате или да го превземете во електронска форма на веб страната на Општина Куманово на следниот линк:

https://kumanovo.gov.mk/otcet-za-100-dena-mandat/

Коментари

коментар(и)