Првиот човек на Куманово, Максим Димириевски на денешната прес конференција апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, бидејќи последнава недела се регистирани 46 новозаболени од Ковид 19.
Телевизија Плус Куманово
-Особено при поголеми собирања, се уште е присутен вирусот, не е искоренет и со непочитување на мерките даваме поголема можност епидемијата да се шири. Куманово се соочуваше со многу потешки состојби по однос на ковид кризата и сметам дека можеме оваа бројка од 46 да се обидеме да ја намалиме, доколку самите ние како граѓани бидеме доволно дисциплинирани, изјави Димитриевски.
Во Куманово денеска се регистрирани четири нови случаи, а оздравени се три лица.