Димитриевски: 10 милиони денари буџет за субвенции и помош на најзагрозените

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека за оваа година обезбедни се 10 милиони денари буџет за субвенции и помош на социјално најзагрозени семејства, како и 3 милиони денари буџет за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица.

-И годинава, продолжуваме со субвенционирање на трошоци за комунални услуги, обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица-корисници на гарантирана минимална помош, еднократна парична помош или помош во натура, обезбедување на локални услуги преку Програмата „Општинско корисна работа, како и финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица“, потенцира Димитриевски.